Четири гола беа постигнати на мечот меѓу Спортинг Хихон и Рајо Ваљекано одигран синоќа, со кој беше отворено 24.коло во шпанската Примера, а средбата заврши без победник 2:2.

download

Дербито на колото се игра денеска од 16 часот кога на „Сантијаго Бернабеу’’ во Мадрид, ќе стартува мечот меѓу Реал и Атлетик Билбао.

На другите три натпревари вечерва ќе играат: Виљареал – Малага, Валенсија – Еспањол и Депортиво Ла Коруња – Бетис.

Oтворени младинските ЗОИ во Лилехамер

Утре на програмата се останатите натпревари, а двојките се: Сосиедад – Гранада, Севиља – Лас Палмас, Еибар – Леванте, Гетафе – Атлетико Мадрид и Барселона – Селта Виго.

Табела: Барселона 54 бодови, Атлетико Мадрид 51, Реал Мадрид 50, Виљареал 45, Севиља 37, Атлетик Билбао 35, Селта 35. /МИА

Слични содржини