874cffb6c53d91303828296fe39f2a4e

Премиерот Александар Вучиќ упати покана до тројцата членови на претседателството на Босна и Херцеговина да ја посетат Србија. Поканата е прифатена и посетата најверојатно ќе се реализира идната недела.

Вучиќ вчера официјално ги покани членовите на претседателството на БиХ – Младен Иваниќ, Драган Човиќ и Бакир Изетбеговиќ.

Во поканата на Вучиќ се наведува дека двете земји се „цврсто и трајно решени да ги развиваат билатералните односи и да ги решаваат сите отворени прашања со непосреден дијалог и во духот на добрососедството за доброто на граѓаните на двете држави“. /МИА

Слични содржини