Деми Ловато ги разгневи фановите бидејќи рекламира штетен чај

од Vladimir Zorba

Деми Ловато понесе критики поради рекламирање на детоксикациски чај кој “согорува масти”. Причината за нападите против неа е дека пијалакот содржи лаксатив со потенцијално опасни несакани ефекти.

Пејачката објави слика во Instagram во вторникот, на која позира со шишето чај и ги повикува обожавателите да се приклучат на 30-дневната програма за детоксикација.

Фановите сепак побрзаа да наведат дека чајот, за кој се тврди дека го забрзува метаболизмот и спречува надуеност, содржи сена, позната уште како “мајчин лист”. Тоа е лаксатив, за кој здравствените работници објаснуваат дека е билка која го иритира дебелото црево и отстранува важни материи од цревата.

Фановите на 24-годишната пејачка ја обвинуваат за пораките што ги испраќа, охрабрувајќи ја здравата тежина, додека рекламира ризичен за здравјето производ за слабеење.

Мајчиниот лист е одобрен од Администрацијата за лековите и храната во САД како лаксативно средство за третман на запек или за чистење на цревата пред колоноскопија.

Различни медицински заедници сепак предупредуваат билката да не се користи за подолг временски период. Кон овие препораки се приклучуваат и Националниот институт за дијабетес и дигестивни и бубрежни заболувања, Американската асоцијација на билните производи и Американското друштво за борба против ракот.

Тие појаснуваат дека активните состојки ја дразнат слузницата на дебелото црево, предизвикувајќи мускулни контракции. Бидејќи билката ги стимулира цревата, таа може да доведе до гасови, надуеност, грчеви и дијареа.

Слични содржини