Меѓународниот ден на среќата се одбележува на 20 март согласно резолуција на Генералното собрание на ОН од 28 јуни 2012 година, во која се тврди дека стремежот кон среќа и благосостојба е фундаментална цел на човештвото .

Според документот среќата треба да биде цел на државната политика и да стане компонента с  повеќе комплексност, фер и избалансиран пристап кон економски раст, кој придонесува за одржлив развој, искоренување на сиромаштијата и обезбедување на среќа .

ОН ги повикува сите држави, меѓународни и регионални организации, како и граѓанското општество да одбележуваат Меѓународниот ден на среќата.

Извештајот за среќата во светот на ОН покажува дека Норвешка е најсреќната земја во светот , поместувајќи ја  Данска. Скандинавските земји се најзадоволни од животот во светот, пренесува “Ројтерс”.

Во спротивно, земјите од суб-сахарска Африка, заедно со Сирија и Јемен, се најмалку среќните од вкупно 155 земји.

“Среќните земји се оние кои се радуваат на здрав баланс помеѓу просперитет и социјален капитал , што значи висок степен на доверба во општеството, низок степен на нееднаквост и доверба во владата “, коментира Џефри Сакс, кој е директор на службата,која го подготви извештајот и специјален советник на генералниот секретар на ОН.

Данска, Исланд, Швајцарија, Финска, Холандија, Канада, Нов Зеланд, Австралија и Шведска ја дополнуваат првата десетка на најсреќните земји во светот.

Јужен Судан, Либерија, Гвинеја, Того, Руанда, Танзанија, Бурунди и Централноафриканската република се на дното на листата.

Германија е рангирана на 16 место, проследено со Велика Британија на 19-то место и Франција на 31 место. САД се на 14 место. Македонија ?!