Два блока на партии, левица и десница и плус граѓаните – Сите против режимот на Груевски!

од Vladimir Zorba
Поранешниот и актуелниот претседател на СДСМ, Бранко Црвенковски и Зоран Заев, заедно влегоа на конгресот на најголемата опозициска партија.

zaev-i-branko-i-silegov-8Лидерот на СДСМ Зоран Заев  на вчерашниот 20 конгрес на партијата најави широк фронт на изборите на 11 декември, составен од „сите партии на левицата и центарот, индивидуалци, интелектуалци, поединци и граѓани“. Тој на Конгресот на најголемата опозициона партија  најави и дека на претстојните избори,  ќе има уште еден опозициски блок, составен од десните партии.

„Се прават напори десните партии и партиите со десна провиненција и профилација да одат со посебен опозиционен блок, а ние вечерва донесовме заклучок, со којшто СДСМ, сите партии од левицата и центарот ќе влезат во широк фронт во сојуз со индивидуалци, со интелектуалци, со поединци, со граѓани на оваа наша Македонија. И, заедно сите предводени од оние за којшто постоиме како политички субјекти, граѓаните“, кажа Заев на конгресот.

И тоа дефинитивно е дел од сценариото на уривање на режимот на Груевски на претстојните парламентарни избори на 11 декември.

Во блокот на левицата влегуваат и  „Шарените“ и поранечните колиционери и ДОМ, а  Заев ги отвори вратите и  за сите граѓани, интелектуалците, неопределените и тие кои можат  и сакаат да помогнат, во уривањето на  колицијата на ВМРО ДПМНЕ на чело со криминалната фамилија на Груевски.

zoran-zaev-na-kongres


 Активистот на Шарената револуција Павле Богоевски, кој беше еден од говорниците на конгресот, исто така, повика на широк фронт на партиите и граѓаните на претстојните избори.

 

„Битката за Македонија, драги соборци и соборки, можеме да ја добиеме само заедно. Партиите, рамо до рамо со непартиските граѓани“, порача Богоевски.

Покрај коалиционите партнери на СДСМ, на конгресот беа присутни и Лилјана Поповска од ДОМ, Павле Трајанов од Демократски сојуз и Фијат Цановски од ПЕИ.

Опозиционата десница ќе ја предводи Демократскиот сојуз и Павле Трајанов кој ден  пред конгресот на СДСМ ,  дал до знаење  дека  е најцелисходно  за победа да се оди со два фронта и така да се дејствува за сигурна победа на овие избори.dsc_7970-1-670x447

Кај демократите на Трајанов веќе се оформува тој фронт во кој  влегуваат Обединетите за Македонија на Љубе Бошковски, Стојанче Ангелов со неговите бранители, Јове Кекеновски со Фродем, Љубчо Гергиевски со неговата партија ВМРО НП, како и невладини и граѓански организации со десничарска орјентација. Тоа се лутите непријатели на Никола Груевски кои сите му помогнаа да дојде на власт , и кои сите ги изневери и го откачија, оставајќи го сам да на сцената со своите слепи послушници, на кои пред с енајсебично  главни им се парите и провизиите ,опа потоа у Македонија и нејзиниот дигнитет иднина и просперитет.

Во албанскиот влок исто комбинации и прегрупирања кои не се комплетно завршени, но во секој случај повлекувањето на Ахмети шредизвикува внатрепартиска борба во ДУИ меѓу скопското крило на Меџити и Артан Груби како повереник на Ахмети.

УНИТЕТИ на Гзим Острени  веројатно ќе се спакуваат со БЕСА и со партијата на Руфи Османи. Села и натаму самобендисано се подава, и не е исклучено или да остане сам или да си ја симне цената која самиот си ја качува,па дури тогаш да влезе во комбинации,  нешто слично во стилот на  неговиот претходен лидер и партијата на Мендух, ДПА.

Во тааа погубност во албанскиот политички плурализам не е исклучено ДУИ да се протне и покрај издишаната доверба кај граѓаните.

 И  БЦ е тука

Колку за промена на битката пред престојните избори , излезе и бившиот  лидер на СДСМ. На конгресот беше присутен и    Бранко Црвенковски, кој влезе заедно со актуелниот лидер Зоран Заев.Тоа предизвика големи овации и радост кај членството , кое ја свати пораката за обединување и збивање на редовите на СДСМ без двојби на стари и нови, на „бранковисти“ и „заевисти“.brankoo

Силаната порака против власта Заев ја  презентираше и  во два плана – 180 и 24, според кои би работела новата влада, ако победат на изборите.

ШТО КАЖА ЗАЕВ?

„ПЛАН 180, тоа е план за се што новата Влада ќе спроведе во првите 180 дена или 6-те месеци. 180 има своја симболика, тоа е општество сосема спротивно од ова денеска што го имаме. Донесовме исто така, ПЛАН 24, тоа е план за итните реформи во периодот од 24 месеци, или 2 години“, рече тој.

Сега останува да се  потврди  и обединувањето на десниот опозиционен блок на чело со Демократскиот сојуз,  да се види нивната програма и стратегија, и дефинирање на пазарењата во албанскиот блок, по што ќе следува и распуштањето на парламентот .

ВМРО ДПМНЕ и нивната врхушка , немаат ништо друго на располагање освен со украдените пари да купува гласачи, да се товарат со нови пари , ветувања задолжувања  и провизии,  нови тендери до последен момент и да ветуваат ситни пари за ситните  пензионери. ЌЕ бидат гласни  и гнасни преку  своите ТВ  мегафони,   за да ја девалвираат што повеќе работата на  СЈО и Јанева, ќе ги стројат послушниците судии да кочат, и натаму да се дозакопуваа во своите постапки како  онаа на задна службена врата да го пуштаат разрешениот функционер обвинет за криминал, без камери без снимки како што постојано тоа  го правеа за невини обични луѓе и сите нивни неистомисленици.  Ќе се прогласуваат за ненадлежни, ќе се изземаат додаваат,  и веројатно  тоа не е се……., ама   изборните трки  може да почнат. На 11 декември сепак ќе се гласа!

Ад

Слични содржини