Двајца лица тешко повредени во сообраќајка на 2 возила на „БМВ“

од Vladimir Zorba

Две лица се тешко повредени во сообраќајна несреќа што се случила синоќа во Скопје на булеварот „Партизански одреди“ меѓу две возила на БМВ.

Како што соопшти МВР, до сообраќајката дошло во 21:50 часот на крстосницата од бул.„Партизански Одреди“ со ул.„Париска“ помеѓу „БМВ“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Ѓ. (19) од Скопје и „БМВ“ без регистарски ознаки, управувано од И.А. (21) од Скопје.

– Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил А.Ѓ и сопатникот од неговото возило М.А.М. (18) од Скопје, кои биле пренесени во Ургентен центар Скопје, се наведува во соопштението.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје.

Слични содржини