Експлозија пред автобусот на Дортмунд, еден фудбалер е повреден

од desk2

На само еден час пред почетокот на четвртфиналниот натпревар од Лигата на Шампионите при патувањето до стадионот, се случила експлозија пред автобусот на Борусија Дортмунд, по што еден фудбалер е повреден, а неизвесно е дали ќе се игра вечерашниот натпревар.

Како што објави весникот „Билд“, инцидентот се случил на 10 километри од стадионот, кога имало експлозија на патот во моментот кога автобусот поминувал, а фудбалерот Марк Бартра заработил повреда и го пренесле во болница.

Од тимот на Твитер го потврдија инцидетот и најавија дека повеќе информации ќе објават наскоро, додека од полицијата се уште немаат информации дали се работи за напад.

Според медиумите постојат шанси и да се одложи натпреварот.

Слични содржини