Сирискиот лидер е одговорен за смртта на околу 600 000 Сиријци, изјави турскиот претседател

ердо

Сирискиот претседател Башар Асад е поголем терорист од групата “Исламска држава” (ИД). Ова го изјави вчера неговиот турски колега Реџеп Тајип Ердоган и покрај тешкиот  напад врз меѓународниот аеродром “Ататурк” во Истанбул, за што турските власти ја обвинуваат ИД, пренесоа американските медиуми.Во градот Килис близина на сириската граница Ердоган изјави дека сирискиот лидер е одговорен за смртта на околу 600 000 луѓе од сопствените граѓани и е во основата на војната во Сирија. Тој е поголем терорист од “Исламска држава” и поголем терорист од курдските милиции на Партија Демократска унија (ПДС) и Силите за заштита на народот( СЗН), рече Ердоган.

Анкара  ги обвинува сирискиѕр курдски милиции во терористички активности поради нивните врски со курдските бунтовници во Турција, потсетува АП.

При нападот врз аеродромот “Ататурк” на 28 јуни загинаа најмалку 44 лица. Никој не ја презеде одговорноста за нападот, но турските власти велат дека според нив таа е дело на “Исламска држава”, потсетува АП. Турција приведе најмалку 24 лица поврзани со атентатот  во акции во неколку предградија на Истанбул

Слични содржини