Лидери на Европската унија, вклучувајќи ги и канцеларката Ангела Меркел и францускиот претседател Франсоа Оланд, се изјасниле дека со грчкиот премиер Алексис Ципрас треба да се постигне договор со доверителитеи тоа денеска пред вонредната средба на шефовите на еврозоната, свикана за 20 часот.
Ова го пишува “Фајненшл тајмс”Средбата на евролидерите нема да се занимава со преговори на највисоко ниво за тоа какви реформи треба да спроведе Атина, за да добие дел од 7,2 милијарди. евра, а кои очајнои потребни, за да не западне државата во неликвидност. Но ако пред собирањето во Брисел има договор меѓу Грција, ЕУ, ЕЦБ и ММФ, тоа ќе покаже желба и ќе дојде до дискусија за начини за олеснување на грчкиот долг како дел од третиот помошен пакет, ветуваат лидерите на Германија и Франција на Ципрас.