Финасирање партија за избори- Над 200 лица од Охрид на распит во СЈО, месниот комитет на ВМРО ДПМНЕ на нозе

од Vladimir Zorba

Предизборни редици со уплатници   за една партиска сметка беше познатата слика  по македонските пошти, на кои алармираа уште тогаш службениицте по поштите, но никој не превземаше никаква истрага. За власта тоа се беше легално и никој не го испитуваше поткелото на парите.Граѓани донатори.

На распит во СЈО, само од Охрид повикани се повеќе од 200 членови и фунционери на ВМРО-ДПМНЕ, потврди за „OhridNews” претседателот на Општинскиот комитет на партијата.

Тие се повикани на разговор, како дел од предистражна постапка што ја отвори СЈО, за финансирањето на изборите во 2014 година.

Под лупа на истражување се вработени во СВР Охрид, актуелни и поранешни директори на државни институции и служби, здравствени организации, јавни претпријатија и истакнати членови на партијата.

Поради ова, синоќа  заседавал општинскиот комитет на партијата, а за истрагата на СЈО рекоа дека ќе се изјаснат денеска .

Инаку, истрагата на СЈО е почната врз основа на досега необјавени разговори, во кои партиски функционери во детали објаснувале како и каде да се уплатат парите, и на чии имиња да гласат донаторските уплатници во банка.

Предизборни редици со уплатници  за на само една партиска сметка беше познатата слика  по македонските пошти, на кои алармираа уште тогаш службениицте по поштите, но никој не превземаше никаква истрага. За власта тоа се бече легално и никој не го испитуваше поткелото на парите.Граѓани донатори.ДАли во таа насока оди целата истрага засега од СЈО не прецизираат никакви детали.

Слични содржини