(ГАЛЕРИЈА) На одмор во штала? Во оваа сигурно!

од Vladimir Zorba

500-годишна штала, која се наоѓа во срцето на Ридовите Малверн во Велика Британија, е реновирана, прилагодена за живеење и се дава под наем. 

Таа е скриена меѓу антички овоштарник и езеро и е вистинско олицетворение на селскиот шарм. Сличен одмор може да нè транспортира до сосема поинаква ера.

Обновената штала се дава под наем од 745 фунти за еден викенд. Таа е скриена во остатоците на заборавена фарма за овошје и, иако изгледа пуста, всушност крие луксузна селска убавина.

Градбата е обновена многу внимателно, за да се задржат оригиналните дрвја, камените ѕидови и таванот.

Сопствениците велат дека се инспирирани да ја претворат “оваа скромна зграда во покраината” во “интересно и убаво место за престој”.

Имотот располага со една спална соба со брачен кревет, што се наоѓа од страната на дневната соба. На горниот кат има место за одмор или попладневна дремка.

Слики од магичното место видете во нашата галерија.

 

Слични содржини