(ГАЛЕРИЈА) Што избраа актерите за црвениот тепих на 68. доделување на “Еми“ наградите

од Vladimir Zorba

Најсјајните ѕвезди од малите екрани, беа собрани на едно место, за една од најжешките ноќи во Холивуд, во недела вечерта (вчера). Поводот беше 68-годишното доделување на “Еми“ наградите.388b81e200000578-3795640-image-a-412_1474245677201

Пријанка Чопра, Софија Вергара и Емили Ратајковски ја свртеа секоја глава пристигнувајќи на црвениот тепих, пред зградата на “Microsoft Theater” во Лос Анџелес, во неверојатни црвено, бели и сини тоалети.

25- годишната Емили ја изрази својата тенка, но заоблена фигура во елегантно кралско сина тоалета, во облик на сирена, која што лесно паѓаше на нејзиното тело. Емили му беше партнерка на Зак Посен за вечерта, па нормално таа носеше еден од неговите дизајни.388b676c00000578-3795640-image-m-250_1474239877450 388b6f8b00000578-3795640-image-a-244_1474239812357 388b73a300000578-3795640-image-m-248_1474239825971

Моделот, кој што од неодамна почна да се занимава со актерство, ја искомбинира својата тоалета со син молив на очите и висечки обетки, со собрана коса на назад.388b6b9f00000578-3795640-image-m-249_1474239853186

Софија пленеше на црвениот тепих во бела Версаче тоалета, припиена за нејзината сладострасна фигура, декорирана со сребрени перли преку стомакот, градите и бутовите.388c1d8300000578-3795640-image-m-69_1474258817551

44- годишната ѕвезда од серијата “Modern family”, ја носеше својата костенлива коса во полу-фатено издание, додавајќи драматично темно- црвен кармин.388be35300000578-3795640-image-m-432_1474247373590 388be39500000578-3795640-image-m-447_1474247600278 388be1d700000578-3795640-image-a-445_1474247580428 388be38800000578-3795640-curves_ahead_sofia_highlighted_her_voluptuous_figure_in_a_tight_-a-433_1474247395546

Додека пак 34- годишната ѕвездата од серијата “Quantico”, Пријанка Чопра, која што презентираше вечерта, се вртеше за камерите во нејзината скарлетно црвена тоалета, со едно рамо, во комбинација со иста боја кармин.388b809f00000578-3795640-image-a-449_1474247680734 388b828600000578-3795640-image-m-454_1474247767152 388b6d2d00000578-3795640-check_me_out_priyanka_chopra_twirled_for_the_cameras_in_her_one_-a-455_1474247794914

Ариел Винтер исто така ја вжешти атмосферата со нејзиниот светкаво-сребрен фустан со  монистри (“шљокици“) и високи сребрени потпетици.388bb2ba00000578-3795640-image-m-297_1474242116500388bb27e00000578-3795640-image-a-298_1474242125742

Останатите изгледи од вечерта, може да ги погледнете во нашата галерија.

Слични содржини