Главната машка гордост се покажа мит

од desk3

Одамна психолозите и теоретичарите за мажите и жените велат дека се од различни планети. Теоријата дека мисловните процеси  зависат од полот, е одамна популарна. Во последно време, сепак водечките невробиолози сметаат дека оваа гледна точка е апсолутен мит кој не се заснова на никакви докази и аргументи, пишува obekti.bg.

Според зборовите на професор Џин Рипон од Универзитетот “Астон” во Бирмингем, женскиот интелект на никаков начин не се разликува од машкиот, пренесоа Рамблер.ру. Спротивставените тврдења според неа се застарени и погрешни. Таа дури обвини некои од  истражувачите дека поддржуваат стари предрасуди. “Во круговите на невробиолозите постојано се нудат лажни толкувања и се злоупотребуваат резултатите од истражувањата за односот меѓу мозочната структура и однесувањето”, забележува Рипон. Според неа, овие мислења намерно се промовираат за да се потврдуваат стереотипите и да докажуваат дека биолошки и структурни разлики помеѓу сивата материја на мажите и жените постојат и дека тие ги објаснуваат социјалните улоги и статусот на двата пола. “Сите овие хипотези се бесмислени. Помеѓу жените и мажите има мали разлики, но општите карактеристики се многу повеќе”, нагласува невробиологот. Таа додава дека во целата историја на човештвото биолошките предуслови се користеле како “доказ” за социјалните разлики меѓу половите. Во Викторијанската ера на пример научниците  инсистирале дека жените не размислуваат со истиот дел на мозокот, како мажите. Во 50-тите години на минатиот век истражувачите ја одржувале тезата дека женскиот разум се раководи од хормоните. Денес пак актулена е идејата за различната мозочна структура на претставниците на двата пола. “Нема сепак никакви реални докази за ниту една од овие теории”, заклучува Рипон. Нејзиниот австралиски колега  Фајн целосно го споделува ова гледиште. Во нејзините зборови, во неврологијата на мажите и жените нема никаква разлика и никогаш немало. Целата разлика меѓу половите е само во воспитувањето, вели таа. Во јуни германски научници го променија митот дека жените умеат подобро од мажите да се справат со неколку задачи истовремено. Дотогаш се сметаше дека мултитаскинг е привилегија на поубавиот пол. Спроведено од тим од Институтот за труд, здравство и социјална помош во Берлин експеримент сепак покажа дека и жените, и мажите се справуваат подеднакво лошо со  многубројните одговорности.

Слични содржини