Ѓоковиќ и Вавринка ќе играат во финалето на US Open

од Vladimir Zorba

Светскиот рекет број 1 Новак Ѓоковиќ и Швајцарецот Стен Вавринка ќе се соочат еден против друг во финалето на Отвореното првенство на САД, откако победија  во своите полуфинални натпревари ноќеска.

5058752

Носителот на 12 титули од Гренд слем го победи Французинот Гаел Монфис со 6-3, 6-2, 3-6, 2-6. Монфис не беше загубил сет на патот кон полуфиналето, но немаше сили да му се спротивстави на Србинот, кој стигна до 6-то финале во Њујорк во последните 7 години.

Во другото полуфинале Нишикори започна добро и го освои првиот дел со 6-4, но потоа сили почнаа да се намалуваат и Вавринка ги  зеде следните три сета со 7-5, 6-4, 6-2. На овој начин Вавринка добие шанса да се бори за третата титула од гренд слем, откако пред една година во финалето на Ролан Гарос се стави токму над Ѓоковиќ. Финалето кај мажите е во неделата

Слични содржини