Такво нешто не имало во поновата грчка историја: во рок од само една недела да биде оранизиран и спроведенреферендум , од што зависи иднината на земјата. Нејаснотии и куриозитети го придружуваат овој референдум.

0,,18554366_303,00
За подготовка на референдумот се предвидени само осум дена – и тоа е не само куриозите, туку директно прекршување на грчкиот устав, вели поранешниот грчки министер Евангелос Венизелос, кој е експерт за уставно право. На избирачите не се обезбедува доволно време да се информираат правилно и да формираат свое мислење критикува уште Венизелос. “Сириза” сепак контрира со аргументот дека на оваа тема се дебатира со години, па гласачите се доволно добро информирани.
“Референдумот не е добро подготвен”, вели и Лукас Цукалис, шеф на атинскиот тинк-тенк ELIAMEP: “Дури само краткиот рок за предизборна кампања пред референдумот го покренува прашањето за законитоста на оваа анкета”, објаснува Цукалис. Министерот за внатрешни работи, Никос Вуцис не гледа никакви проблеми и уверува дека “референдумот ќе се одржи при целосна транспарентност и ќе биде организиран навреме”.

Прилично комплексна задача за грчката држава: во рок од само неколку дена треба да бидат испечатени речиси 10 милиони гласачки ливчиња, кои ќе бидат доставени во над 19 000 избирачки места. Првите испораки почнуваат уште во среда, за да можат гласачките ливчиња да стигнат навреме и до најоддалечените острови и региони, објаснува министерот Вуцис.
Прашањето свесно е формулиран нејасно?

Освен краткото време за подготовка, оспорувана е и сложената формулација на прашањето, кое ќе биде поставено на референдумот: на тоа сенародно анкетирање Грците треба да одговорат на прашањето дали да бидат прифатени или не последните предлози на доверителите, кои се базираат на две случувања насловени како “Реформите за завршување на тековната програма и за времето потоа” и “Прелиминарна анализа на подносливото за земјата ниво на задолжувањето”. Атинскиот експерт по уставно право Никос Аливизатос претпоставува дека прашањето на референдумот свесно е формулирано нејасно: “Владата знае дека ако се стави директно прашањето дали земјата да остане во еврозоната или не, сигурно ќе изгубат гласови. Но и при оваа нејасна формулација прашањето пак допира до останување или не во еврозоната “, посочува експертот.

Грчкиот министер за внатрешни работи Вуцис вели дека не сакал да зема страна и токму поради таа причина не учествувал во демонстрациите, организирани од поддржувачи на бараното од Ципрас гласање со “Не”. Впрочем, според уставот на Грција, референдумот е валиден при учество на најмалку 40 отсто од избирачите.

0,,18551987_401,00
Колку чини референдумот?
Нема целосна јасност и по прашањето колку ќе чини тоа сенародно анкетирање. Грчкото здружениа на ревизори проценува дека трошоците изнесуваат близу 110 милиони евра. Министерот за внатрешни работи Вуцис зборува сепак за најмногу 20 милиони. И навистина: тешко е да се предвиди какви ќе се реалните трошоци, бидејќи од 1974 година во Грција не е извршен референдум. Последниот, од 1974 година, беше за форма на државно управување.

И уште нешто: на гласачките ливчиња за референдумот одговорот “Не” е поставен над одговорот “Да” – односно, во обратен азбучен ред. Освен тоа над 2 милиони Грци кои живеат во странство, се исклучени од ова анкетирање – тие немаат право да гласаат.
Конечно уште еден куриозитет: предвидената со закон комисија, која треба да пропагира гласањето со “Не”, нема да може да биде формирана. Причината: по закон оваа комисија треба да вклучува претставници на сите партии кои се изјасни за гласање со “Не”. А тоа би значело на една маса да седат лево-радикалната “Сириза” и десно-радикалната “Златна зора”.

Слични содржини