Хаос во Канада, невидена масовна евакуација – огромни шумски пожари, ресурсите се исцрпени

од Vladimir Zorba

Хаос во Канада заради огромниот шумски пожар. Бројот на евакуираните достигна 37.000. Властите не успеваат да се справат со потребите на луѓето кои се сместени во концертни и гимнастички сали, пишуваат локалните медиуми.

Според пожарникарите огнот може да беснее со недели. Тоа значи дека десетици илјади евакуирани ќе имаат потреба од храна, вода, лекови и медицинска нега.

Координаторите на камповите за евакуација рекоа дека досега никој не е вратен, но ресурсите се исцрпуваат. 160 одделни пожари горат на околу 200 километри северно од Ванкувер. Над 15 од нив директно се закануваат домови и на стопански згради.

Слични содржини