Хилари била одвратна, Трамп ќе бил поодвратен- ќе и вадел “валкан веш” од семејниот живот…

од desk3

gty_hillary_clinton_donald_trump_split_jt_150912_16x9_992

Кандидатот за претседател на САД од Републиканската партија Доналд Трамп има намера да го привлече вниманието на избирачите со тешкотиите во семејниот живот на Хилари и Бил Клинтон. Тоа го вели милијардерот во интервју за весникот “Њујорк тајмс”. Републиканецот забележува дека има намера посебно да потсети на скандалот поврзан со односите на 42-от претседател на САД Бил Клинтон и стажантката во Белата куќа Моника Левински.

“Хилари Клинтон е мажена за човек кој навредуваше жени повеќе од било кој друг во целата историја на политиката”, вели Трамп. “Хилари го дозволуваше тоа да се случи и таа конечно излезе со напади против овие жени, со кои Бил Клинтон се однесувал лошо. Мислам дека ова е сериозен проблем и мислам наскоро да зборувам за тоа”, посочува кандидат-претседателот.

“Таа е одвратна, но јас можам да бидам поодвратен од неа”, вели уште Трамп, говорејќи за својата соперничка во претседателската трка. Според републиканецот претседателскиот мандат на Бил Клинтон “бил покриен од срам” поради прељуба, а Хилари Клинтон “го бранеше во сè”.

Слични содржини