Хомосексуалците оддадоа почит на Дебра Месинг

од Vladimir Zorba

Дебра Месинг ќе биде почестена како борец против дискриминацијата на церемонијата на доделувањето на наградите на Сојузот на хомосексуалците и лезбејките против клеветата (GLAAD) на 6 мај, соопштија американските медиуми, цитирани од светските агенции. Актерката од серијата “Вил и Грејс” ќе добие специјалната награда “Совршенството во медиумите” на 28-тата церемонија.

Таа е долга поддржувачка на правата на бисексуалците, хомосексуалците, лезбејките и трансексуалците. Носители на истото одликување кое треба да го добие и Месинг се Роберт Де Ниро, Глен Клоуз, Расел Симонс, Дајан Соер.

Слични содржини