Истекува мандатот на СЈО- ја снема ли Катица Јанева ?

од Vladimir Zorba

 Два дена до истекот на мандатот на СЈО, а најавите за поднесување нови обвинителни акти, ги нема. Има најави само дека парламентарното мнозинство ќе побара продолжување на мандатот, но она што е суштински за Катица Јанева и СЈО  ги нема  најавените сработени обвиненија.

Иако специјалната обвинителка Катица Јанева пред неколку дена изјави дека ќе бидат поднесени нови обвиненија, додека други случаи ќе паднат, сепак  и за денеска во СЈО нема никакви најави. Можеби ќе се чека последниот ден !?

Експертската и политичка  јавност коментира  дека и покрај сите блокади кои беа евидентни , сепак не може да е оправдување ако некој не сакал да дојде о даде исказ во СЈО, да  не може да му се поднесе и сработи обвинение или да не се донесе со полициска придружба.Макар да е тоа и екс премиерот или лидерот , министерот кој и да е функционер сеедно.  Ако се сака велат може да се поднесе дури и недокомплеторано обвинение кое потоа може да биде вратено на доработка, наместо што со денови се калкулира и  подготвува јавноста дека ете не дошол па ете не стигнало обвинението, за главниот лик во прислушуваните маеријали кои ги има СЈО.

Од друга страна , според адвокатот Звонко Давидовиќ иако мандатот е пред самиот крај, Јанева може и на последниот ден да поднесе голем број обвиненија. Давидовиќ смета дека рокот кој уште од самиот старт го доби СЈО беше многу краток за толку голем број прислушувани разговори.

„Факт е дека дел од разговорите воопшто не преслушале, не пак да отворат истраги или предистражни постапки за да ја утврдат вистината. И во тој дел факт е дека не успеале поради сите овие причини. Но една друга работа сите нас треба да не мачи. Дали ние сме подготвени да постоечки сомневања за сторени кривични дела, така лесно да ги простиме без да ги истражиме и без да утврдиме дали има било какво сомневање или доказ за сторено кривично дело“, истакна Давидовиќ.

Пред неколку дена шефицата на СЈО, од Охрид упати порака дека финализираат поголем дел од истрагите на обвинителството, надевајќи се дека истите ќе завршат со обвиненија.

 

„Повеќето истраги кои се веќе отворени ќе завршат со обвиненија, за кои лица тоа е многу важно прашање. За некои ќе има запирање на истрага, за некои ќе се поднесе обвинителен акт. Јавно обвинителски одлуки во секој случај ќе бидат донесени во следната недела“, соопшти Јанева.

Во интервју за Радио Слободна Европа, комесарот за проширување Јоханес Хан прашан колку е важно случаите на СЈО да добијат разрешница, испрати порака дека институциите треба да го добијат потребното време да ги спроведат сите работи.

„Уште еднаш, важно е луѓето да имаат впечаток, ако сакате да бидат уверени дека сите криминални случаи целосно се истражени и ако има потреба за обвиненија тие да бидат завршени, да бидат заведени и да има судски случаи и ако неопходно е да има казни, пресуди“, истакна Хан.

На два дена до истекот на рокот на СЈО, во собранието ќе бидат доставени старо – новите закони

Според Законот за СЈО на тимот на Катица Јанева му беа оставени 18 месеци за поведување нови обвиненија и уште пет години за да ги докаже отворените случаи. Но тие 18 месеци поминаа и мандатот на СЈО истекува на 30 јуни годинава. Според специјалната обвинителка Јанева се разгледуваат повеќе опции да се продолжи рокот во кој СЈО ќе може да поднесува нови обвинителни акти.

Слични содржини