Изборот на нов генерален секретар на ОН влегува во финална фаза

од Vladimir Zorba

image_5795125_126

Во Советот за безбедност денеска ќе се одржи шеста рунда гласање за нов генерален секретар на светската организација, кое ќе биде анонимно, но постојаните членки на СБ кои имаат право на вето ќе имаат гласачки ливчиња во боја.

Негативен глас на обоено гласачко ливче на која било од петте членки на ОН – САД, Русија, Кина, Британија и Франција би значело дека кандидатот потенцијално се соочува со вето поради што тоа гласање се смета за најважно досега.

Во претходниот петти круг гласање поранешниот португалски премиер Антонио Гутереш освои 12 позитивни, два негативни и еден неодреден глас.

Рускиот амбасадор во ОН Виталиј Чуркин вчера рече дека во средината на октомври ако работите бидат добри, би можело да се избере наследник на Бан Ки-мун, но и дека не исклучува „драма“ во продолжението на изборот на нов геенрален секретар. Во спротивно, Бан може да остане на функција и во 2017 година.

Слични содржини