Известување на МНР за македонските граѓани во реоните на делување на ураганот Ирма!

од Vladimir Zorba

Телефонските броеви за контакт со македонската амбасада во Вашингтон на кои може да се обратат македонските граѓани во секое време се: 202-390-7418 и 202-667-0501.

Би сакале да ги споделиме ажурираните податоци кои штотуку ги добивме од амбасадата во Вашингтон, а се однесуваат на состојбите во погодените подрачја од ураганот Ирма, известуваат од македонското МНР.

Амбасадата е во континуирана комуникација со надлежните служби во САД. Досега нема информации за повредени или загинати македонски државјани.

 Претставниците од македонската амбасада во Вашингтон стапија во контакт со македонската државјанка која престојуваше во францускиот дел на островот Сент Мартин, која е евакуирана на безбедно. Во контакт се и со семејството кое се наоѓаше во холандскиот дел на Сент Мартин и кое веќе е евакуирано од островот.

 Апелираме на будност и следење на препораките, имајќи предвид дека опасноста од ураганот се’ уште не е надмината, предупредуваат од македонското МНР.

Телефонските броеви за контакт со македонската амбасада во Вашингтон на кои може да се обратат македонските граѓани во секое време се: 202-390-7418 и 202-667-0501.

Слични содржини