Јанева: Груевски на распит во предистражна постапка во СЈО за земена провизија

од desk2

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева откри дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и екс-премиер Никола Груевски денеска бил на распит во предистражна постапка.

– Се работи за финансиска истрага во предистражна постапка за земена провизија – рече Јанева, а подоцна објасни дека се работи за електрична енергија без да прецизира на што точно мисли, оставајќи јавноста да погодува дали се работи за набавка на електрична енергија од увоз.

Јанева рече дека и Груевски и останатите лица во моментов се во својство на сведоци, бидејќи станува збор за предистражна постапка, а ако некој стане осомничен, тогаш се отвора истрага.

Обвинителката откри дека предистражната постапка се заснова на два телефонски разговори кои не се јавно објавени, а во континуитет се водат помеѓу две лица.

Слични содржини