Изминативе неколку денови владата одобри вработувања, простории и возила за да и обезбеди услови на Државната изборна комисија да може да работи, а од ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ ги повлекоа и сите забелешки кои ги имаа за методологијата која ДИК ја подготви за прочистување на Избирачкиот список.

Владејачката коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ очигледно не сакаат да остават ниту едно нешто незавршено по што ќе можат да се „пофалат“ дека ги направиле сите потребни чекори за изборите да се случат и бидат прогласени за успешни.

dik-sredba

– Ги разгледавме кадровските прашања и потреби на ДИК и утврдивме дека сите вработувања што ќе бидат потребни, Министерството за финансии и Владата ќе ги одобрат. Сакаме ДИК навреме да ги заврши сите подготвителни активности околу прочистувањето на избирачкиот список и другите активности во нејзина надлежност – изјави Ставрески пред една недела кој вети дека ДИК ќе добие помош и за обезбедивање простор за работа и возила.

Меркел праќа министер за да утврди што се случува во државава

Од владата забрзано одобруваат се што ќе им се побара, па дури и над тоа, за изборите кои ги закажаа на 24 април без согласност од опозициските партии. До сега, ова се потезите кои водат кон брзи избори:

  • Од владата испратија соопштение во кое потврдуваат дека за ДИК обезбедиле 50 возила и три нови простории во поранешната зграда на „Нова Македонија“.
  • Препорачале до повеќе институции да потпишат меморандум за сорабока со ДИК за да можат полесно да разменуваат податоци за прочистувањето на Избирачкиот список.
  • Пратениците вчера иако со забелешки за работењето на специјалната обвинителка Катица Јанева го одобрија нејзиниот буџет од околу четири милиони евра.
  • Вo средата провладините медиуми и јавниот сервис испратија соопштенија и издадоа кодекси за избалансирано известување.
  •  МРТВ – јавниот сервис околу кој се кршат копјата во преговорите за реформи во медиумите – објави оглас за нов урединк на информативната програма.
  • Техничкиот премиер за спроведување на изборите Емил Димитриев по вчерашната средба со ДИК рече дека владата се заложува за да се спроведат фер и демократски избори кои ќе бидат верификувани од сите надлежни институции. „Од наша страна изразивме подготвеност да ја одржуваме комуникацијата на дневна основа и да ги решаваме сите проблеми кои што ќе помогнат да организираме едни фер и демократски избори кои ќе бидат верификувани од сите институции надлежни за мониторинг. Останува и понатаму да комуницираме со ДИК договоривме ресорни состаноци за поединечни теми и така ќе продложиме во понатамошниот период“, изјави Димитриев.

META

Слични содржини