Стотици Македонци се уште се блокирани од полицијата која не им дозволува да се приближат на местото каде се сместени активистите на ДУИ, односно местото каде треба да се гради крстот. Со шишиња и камења кон  полицијата,  демонстрантите успеаја да ги искршат штитовите од ударите.

1608903_494940097356991_1260182170_n-640x320

Се уште има силно полициско обезбедување, а групата Македонци вечерва поставија и дрвен крст каде што протестираат и го закачија на бандера.

Активистите на ДУИ кои се стационирани на кружниот тек, неколку стотини подалеку од групата Македонци, не дозволуваат новинарите да ги снимаат. Од другата страна полицијата не дозволува да се снима поради како што велат безбедност на новинарите,јави А1он.

Слични содржини