КИА Стоник – нов мал СУВ стигнува до крајот на 2017 година

од Vladimir Zorba

Корејскиот производител ги објави првите дизајнерски цртежи на новиот покомпактен СУВ модел.

По Хјундаи, кои во јуни ќе го претстават новиот мал СУВ и сестринската авто-марка Киа ќе лансира сопствен модел во истата класа. Возилото е наречено Стоник и ќе има премиера во втората половина на годината, најверојатно на саемот за автомобили во Франкфурт, во септември.

Цртежите го откриваат спортскиот дизајн на автомобили, со стилски детали карактеристични за поновите Киа модели.

Иако дизајнерските скици не прикажуваат целосно точен изглед на возилото, бидејќи многу детали како тркалата и предните и задните крила се пренагласени, нема дилеми дека корејскиот производител со атрактивни и агресивни линии ќе се обиде да ја привлече младата клиентела и да преземе дел од купците од конкуренцијата, која во сегментот на поткомпактните СУВ/кросовер возила е многу силна.

Слични содржини