Фановите на Ким Кардашијан ќе треба да платат по 800 долари, за да присуствуваат на часови за шминка на ѕвездата.12f212cd1de199533772f1fde4f30e9a

Сопругата на Кание Вест дава можност на сите кои сакаат да ги дознаат нејзините озлогласени трикови со козметика, да добијат совети од самата неа и личниот нејзин шминкер- Марио Дедиванович.

Настанот е со времетраење од четири часа и во моментот е предвидено да се одржи во месец јули оваа година.

По повод на курсот, бринетата се врати кон социјалните платформи – на Twitter ја сподели веста, а подоцна додаде детали за пуштените поевтини понуди од 299 долари во продажба .

Кон понудата, Ким Кардашијан додаде дека ќе лансира свое видео со часови по шминка на новиот сајт, кој се очекува да се објави ова лето.

“Кога имав 14 години, татко ми ме одведе на час по шминка со професионален шминкер и се заљубив во овој сјај оттогаш!”, Изјави самата Ким Кардашијан..

Слични содржини