Постсоветските општества се одбележани со силни автократски тенденции. Алиев, Каримов, Нијазов, Назарбаев – сите тие си обезбедија доживотна доминација. Патот на Путин изгледа различен, но најверојатно ја има истата цел.
Русија, најголемата и моќна земја од поранешната советска империја, оди по свој посебен пат. Во 2008 година, по два 4-годишни претседателски мандати, Владимир Путин го напушти Кремљ и на тој начин не го наруши уставот.
Но, во 2012 година, по кратка пауза на премиерската функција, тој повторно ја презеде претседателската функција. Овој пат за долго, бидејќи уште во времето на својот претходник Дмитриј Медведев Парламентот го продолжи претседателскиот мандат на 6 години… И ако во 2018 година биде реизбран, Путин ќе е на власт речиси онолку колку што и се сегашните господари во Централна Азија.
Прашање е само колку долго ќе биде прв човек на моќната Русија.