Косово воспостави 24-часовна заштита на црквите за Велигден

од Vladimir Zorba

За  Велигден безбедносните сили на Косово се подигнати на готовс

Полицијата во Косово презема 24-часовна заштита на сите цркви во земјата за  Велигден, објавија локалните медиуми. Наместо 8 часа косовските полицајци ќе работат по 12 часа, прекинати се и одморите на сите полициски службеници, потврди заменик-министерот за внатрешни работи Милан Радоевиќ.

Претходно  таква заштитата имаче на  главниот  храм “Мајка Тереза” во Приштина, сега за првпат ќе има 24-часовна заштита на сите цркви за  Велигденските празници.

Амбасадата на САД им препорача на американските граѓани да бидат внимателни и да преземат мерки за личната безбедност. “Терористите во регионот се насочи кон лесни цели како цркви, пешачки зони, спортски објекти, концертни сали и други масовни собири на луѓе”, потсетија од амбасадата. Медиумите во Приштина напишаа вчера дека силите за безбедност во Косово “се вознемирени од заканите за терористички напади” пред Велигден.

Слични содржини