Денешната средба на косовската претседателка Атифете Јахјага со лидерите на водечките партии во Косово заврши без да биде постигнат конкретен договор за излез од политичката криза, јавија приштинските медиуми.

– Не постои криза што може да се реши со насилство, солзавци или молотови коктели, изјави косовскиот премиер и лидер на Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК), Иса Мустафа по завршувањето на средбата.

kosovo

Тој оцени дека политичката криза мора да се реши единствено низ дилајог во косовското Собрание, додавајќи дека разговорите се „средство со кое се проширува суверенитетот на целата територија на Косово“.

Политичката криза во Косово ескалираше откако трите водечки опозициски партии започнаа протести со цел да го спречат формирањето на Заедницата на српски општини, која според нив ќе „наликува на Република Српска во БиХ“.

Мустафа ги отфрли ваквите тврдења, нагласувајќи дека Заедницата на српските општини ќе биде формирана во согласност со законите и Уставот на Косово.

Грчки медиуми: Нови сценарија за „ѕид“ на југот од Македонија

Како што јави Танјуг, освен Мустафа на средбата со Јахјага присуствуваа и шефот косовската дипломатија и прв човек на Демократската партија на Косово (ПДК), Хашим Тачи, како и лидерите на опозициската Алијанса за иднината на Косово (ААК), Рамуш Харадинај, претседателот на Српската листа (СЛ), Славко Симиќ и челникот на Демократската партија на Турците на Косово (КДТП), Махир Јагџлар.

Во својство на набљудувачи на средбата присуствуваа и шефот на Канцеларијата на ЕУ во Приштина, Самуел Жбогар и американскиот амбасадор во Косово, Грег Делавие.

Според косовската опозиција единствен излез од кризата е одржување на предвремени парламентарни избори. Трите водечки опозициски партии во Косово му дадоа рок на премиерот Мустафа до 17 февруари да поднесе оставка и да закаже предвремени избори и се заканија дека доколку тоа не се случи, секој ден ќе одржуваат протести./МИА

Слични содржини