(ВИДЕО) Луѓе заглавени во голем пожар во облакодер во Лондон, кој се распаѓа, 200 пожарникари се борат со огнот

од Vladimir Zorba

Вкупно 200 пожарникари се обидуваат да се справат со огнената стихија што ја зафати станбентаа зграда во западен Лондон. Некои од жителите, остануваат блокирани во своите домови, пишува британскиот весник The Telegraph.

Властите повикуваат, оние кои останале внатре да не запаѓаат во паника и да ја покријат устата со влажна бањарка, додека се обидуваат да избегаат. Претходно беше соопштено дека две лица се повредени како последица на вдишување на чад.

Полицијата била повикана на местото на инцидентот во 1.16 часот. по локално време. Сведоци раскажуваат дека виделе како жителите во зградата користат чаршафи за да избегаат од пламенот.

Експлозија може да предизвика огромниот пожар кој ја уништува зградата во Лондон, пренесува Sky News, повикувајќи се на еден од жителите на 4-ие кат Махад Егал. Тој раскажа на новинарите дека токму легнал со жена си и децата да спијат кога негов сосед почна да удира силно на вратата на неговиот стан.

Тој му рекол дека на подовите експлодирал фрижидер и тоа предизвикало пожарот. Егал додава дека е во зградата се уште има луѓе, бидејќи добива од нив информации преку телефон.


Полицијата од своја страна ги советува они кои се заглавнеи во огнениот пекол сами да прават обиди да се евакуираат. Градоначалникот на градот Садик Кан изјави дека се случил “Ужасен инцидент”. Дописникот на Би-Би-Си јавува дека очевидци изјавиле дека веќе паѓаат остатоци од зградата. Властите продолжуваат да ги држат луѓето на далечина, бидејќи стравуваат од уривање на зградата. Според еден од сведоците речиси 30-катната зграда директно се распаѓа во моментов.

Слични содржини