Мажите не разбираат: Навика која 40 отсто од жените им ја прават на партнерите зад грб

од desk2

Заедничкиот живот подразбира и компромиси, но постојат работи околу кои двојките тешко се сложуваат. Една „ситница“ е и оваа работа која има ја прават жените на мажите зад грб.


Со почетокот на есента почнува грејната сезона, а истовремено и борбата на партнерите за контрола на термостатот, при што жените преферираат повисока температура.

Статистиката на британска фирма која поставува и одржува бојлери и термостати Corgi Homeplan покажува дека поради тој проблем се препираат третина од двојките. Поточно 40 отсто жени тајно ја зголемуваат температурата на термостатот.
„Истражувањето покажа дека 40 отсто од жените тајно ја зголемуваат температурата на термостатот зад грбот на партнерот, затоа што им е студено“.

За наведените податоци постои и научно објаснување. Според истражување од 2015 година спроведено до холандски научници, идеална собна температура за жените е 24 и 25 степени Целзиусови, додека за мажите таа е 2,5 степени пониска. Додека телесната температура на мажите и жените не се разликува битно, перцепцијата на температурата зависи од кожата, а таа кај жените е нешто пониска.

Друго истражување покажа дека просечната температура на женските раце е три степени пониска од машките. Фактор кој придонесува за разликата е женскиот хормон естроген кој крвта ја прави погуста па таа не може лесно да патува до периферната циркулација, на прстите на рацете и нозете, поради што тие стануваат постудени. Група научници докажаа дека на жените им е постудено за време на овулација затоа што нивото на естроген во крвта тогаш е највисоко
И метаболизмот има улога. Имено, жените имаат пониска стапка на метаболизам од мажите, односно метаболизмот им е поспор. Тоа се случува затоа што мажите имаат поголем процент мускулна маса која влијае на базалниот метаболизам. Притоа кај нив и циркулацијата е побрза па организмот им е позагреан, и помалку им е студено отколку на жените.

Слични содржини