Мила Кунис ги израдува своите родители со реновирање на домот

од Vladimir Zorba

Мила Кунис се зафати со трансформацијата на татковиот дом. Не дека не е во можност да купи нов имот на мајка си и татко си, но тие категорично одбија да го напуштат местото, каде што се одгледани нивните деца – Мила и нејзиниот брат. Актерката, која има приходи од 30 милиони долари, се здружила со компанијата Houzz за да го реновира скромниот калифорниски дом, во кој Марк и Елвира живеат.

“Не може да пренесете моите родители од тоа Конде, никогаш нема да се преселат“ рече таа.

Затоа таа одлучи да ја претвори куќата во едно пријатно и модерно живеалиште. “Живееме тука над 20 години, а сега излеговме од домот за цели 6 недели. Бев уплашена, не сакав да се приберам”, раскажа возбудената мајка.

“По одредена возраст на човек му станува многу тешко да го напушти својот дом и да направи промени. Не знаеме што да очекуваме”, рече нејзиниот сопруг Марк Кунис. Тој дури се пошегува дека со големата нова маса веќе е подготвен да пречека 6 внучиња. Резултатот од промената е импресивен, а нејзините родители се заблагодарија со солзи.

Слични содржини