МНР демантира! Нема проширување на преговарачкиот тим со НИМИЦ

од Vladimir Zorba

Информацијата пренесена на повеќе медиуми во врска со учеството на повеќе лица во процесот на преговорите, надвор од преговарачкиот тим е неточна, изјавија за МИА од МНР.

Како што и претходно во неколку наврати беше посочено од МНР, во Брисел на 12 декември 2017 на преговорите за надминување на разликата околу  името ќе присуствува преговарачот Васко Наумовски, амбасадор на Република Македонија во САД заедно со дипломат од МНР. Истиот формат кој е договорен со преговаралот Метју Нимиц ќе биде и од грчката страна, односно преговарач плус дипломат.

– Владата на Република Македонија ќе ги информира медиумите, а со тоа и јавноста за понатамоошните чекори за ова важно и чувствително прашање кое е од највисок државен интерес, посочуваат за МИА од МНР

Оптимизам во Скопје и Атина пред новата рунда разговори за името во Брисел

Грчките медиуми  во меѓувреме најавуваат  дека е можно Нимиц на средбата во Брисел да излезе и со нов предлог за името.

Последната формална рунда разговори на медијаторото на ОН со преставниците на двете земји беше одржана во Њујорк во ноември 2014.

Спорот за името меѓу Атина и Скопје трае од осамостојувањето на Република Македонија во 1991 година. Поради противењето на Грција, која не го прифаќа нашето уставно име, зачленувањето на Македонија во ОН на 8 април 1993 година, беше направено под привремената референца: Поранешна југословенска Република Македонија. Под покровителство на ОН, двете земји почнаа разговори за решавање на проблемот што го има Грција со уставното име на Македонија, кои се уште траат.

Слични содржини