Министерството за внатрешни работи соопшти дека од донесувањето на измените на Законот за азил на 19 јуни, до 13 јули во 8 часот, се издадени потврди за барање на азил на 12.175 странски државјани. Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија, а потоа следуваат Авганистан, Ирак, Пакистан итн.

1301AD31-296F-4C8E-BCA8-E4F3CB89CDE4_cx0_cy7_cw0_w308_h173

Од започнувањето на издавањето на потврдите до 13 јули до Одделението за азил се поднесени 32 барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда, при што 23 барања се од државјани на Сирија за азил од нив шест за деца, потоа три барања од државјани од Пакистан, по две барања од државјани од Мароко и Алжир и по едно барање од државјани од Египет и Ирак./RSE

Слични содржини