Велигден е еден од најголемите христијански празници. Традицијата кај сите наредува за овој празник да се бојадисуваат јајца, да се седнува на богати трпези, да се посети божјиот храм за молитва, за да се чествува воскресението Христово.01af9bb58c8ea823a88da0efc939fe9f

Во светот, сепак има многу традиции , доста од кои необични, но пак забавни и интересни.

Чешка и Словачка

Традицијата во Чешка и Словачка е малку грубичка. Наутро на Велики понеделник мажите ги плескаат жените по грбот и задникот со импровизирани камшици од врбови гранчиња, украсени со панделки и врвки.
Според преданието тоа ја поттикнува плодноста во новата година – како таа на природата, така и на жените.

Финска
Во Финска, пак децата кружат по домовите на луѓето со исцрнети лица, стегнати околу главите шалови и носат метли, ги покануваат за кафе и им носат букети од врбови гранчиња. Во некои делови на Западна Финска луѓето палат огнови по стара скандинавска традиција. Луѓето едно време верувале дека огнот ќе ги заштити од зли вештерки и волшебници кои летаат околунаселбите.

Франција
Секоја година на Велики понеделник Французите во јужниот град Хо прават гигантен омлет на плоштадот. Секој посетител може да се вклучи и да проба од ова јадење. За омлет обично се користи повеќе од 4500 јајца, а луѓето кои го пробуваат се најмалку 1.000.

Крф, Грција
Традицијата на островот Крф е многу интересна. На Голема сабота луѓето прават ритуално исфрлање на стари глинени садови. Фрлањето се случува со страшен тресок од прозорците и балконите на зградите.ef76d5622c2e9e314f2e0d870f541144
Ако планирате патување за Велигден до оваа прекрасна дестинација, имајте на ум да се пазите и да не минувате во близина на зградите.

Со исфрлањето на старите садови жителите на Крф се ослободуваат од старата енергија во текот на годината и отвораат пат на новото.

Унгарија
Во Унгарија “прскањето” е многу популарна традиција за Велигден. Тоа се случува во денот по самиот Велигден и се нарекува “патешки понеделник”. Според традицијата момчињата ги прскаат девојките со парфимирана вода, а потоа сакаат од нив бакнеж.
Традицијата е навистина забавна. Понекогаш девојките се зафатени од цели кофи миризлива вода. Митот е дека со овој ритуал се постигнува плодност, прочистување и исцелување.

Рим, Италија
Традицијата во Рим наредува христијани од целиот свет да се собираат секоја година на Велигден, за да чујат свечената молитва на папата упатена до сите луѓе во светот. Плоштадот “Свети Петар” во Ватикан се исполнува со неверојатно многу пилигрими кои го поздравуваат Воскресението на Исус Христос.

Шпанија
Во гратчето Верже во Шпанија секоја година на Велики четврток се одржува таканаречениот “танц на смртта”. Луѓето се маскираат како скелети или како самата смрт со долга наметка и коса на рамо. Тие носат пепел во големи кутии и почнуваат да ја растураат на полноќ дури до утрото.
Со овој ритуал се гонат злите духови.

Слични содржини