Најдена едната рака на убиената новинарка Ким Вал

од desk2

Данската полиција објави дека нуркачите пронашле рака во водите околу Копенхаген, каде претходно беа најдени торзото и нозете на убиената шведска новинарка Ким Вал, во октомври.

Раката е најдена во близина на рутата каде поминала подморницата на иноваторот Петер Мадсен, кој е во притвор осомничен за убиство на новинарката.

„Сè уште не сме утврдиле дали е лева или десна рака, или на кого му припаѓа. Но, работиме под претпоставка дека е поврзана со случајот со подморницата“, вели инспекторот од данската полиција Јенс Милер Јенсен.

Шведската новинарка исчезна во август откако се упати на интервју со иноваторот и градител на подморницата „Наутилус“, Петер Медсен. Подморницата потона, а Медсен призна дека новинарката починала, а тој ги фрлил остатоците во морето.

Бидејќи телото било расчеречено, поединечно беа најдувани главата, торзото и нозете, а последно и едната рака.

Судењето за Медсен е закажано за март следната година.

Слични содржини