Напредуваат истрагите на ЕУ против „Гугл“

од Vladimir Zorba

Напредуваат истражувањата за тоа како „Гугл“ може да го користи својот „Андроид“ мобилен оперативен систем и услугата за рекламирање „АдСенс“, за да ја попречат конкуренцијата. Ова го изјави еврокомесарот за конкуренција Маргрете Вестагер, во позадината на загриженоста за прекумерното одложување на процесот, пренесе Ројтерс.

Европската комисија (ЕК) започна истрага за „Андроид“ во 2015 година, по жалбата поднесена две години порано од лоби групата „ФерСрч“.

Документ од 2016 година, разгледан од Ројтерс, покажува дека Европската унија (ЕУ) планира да наложи голема парична казна на компанијата и ќе и нареди да престане да им предлага на производителите на смартфони исплати со споделување на приходите, со цел да инсталираат однапред само „Гугл Срч“.

Покрај тоа, се очекува да каже на компанијата, која е една од единиците на „Алфабет“, да престане да бара прелистувачот „Хром“ и други апликации да бидат инсталирани заедно со „Гугл Плеј Стор“. Во случајот со „АдСенс“ во 2016 година, „Гугл“ е обвинет за блокирање на конкурентите при рекламите во онлајн пребарувачот.

Комисијата се уште треба да одлучи за секој од случаите кои предизвикуваат загриженост меѓу конкурентите на „Гугл“ и меѓу групи на потрошувачи.

– Напредуваме по нашите два случаи поврзани со „Гугл“, како во случајот со „Андроид“, така и со оној за „АдСенс, објасни еврокомесарот за конкуренција.

– Пет години за случајот на „Гугл“ изгледаат како цела вечност, коментира пратеникот Рамон Тремоса, повторувајќи ги повиците на дел од конкурентите на „Гугл“ за поделба на бизнисот на компанијата./МИА

Слични содржини