Во посета на Демир Капија денеска е претседателот на Комисијата за финансии на СДСМ и дополнителен заменик министер за финансии Кире Наумов, заедно со претседателот на Комисијата за локална самоуправа Дејан Павлески.

Naumov1
Граѓаните зборуваат за секојдневните егзистенцијални проблеми, но сакаат да слушнат и како ќе се реши проблемот со стотиците илјади спорни и фантомски гласачи, што ја попречуваат слободната волја на народот на изборите.
-Паничните реакции на претставниците на ВМРО-ДПМНЕ во ДИК, нивното противење да има теренска проверка на фантомските гласачи е уште еден доказ дека власта на Груевски на големо крадела избори. Теренската проверка е дел од Методологијата за прочистување на Избирачкиот список што ја усвоија членовите на сите 4 партии од власта и опозицијата во ДИК. Груевски и неговите соработници се исплашија од илјадниците фантоми што им излегоа и сега не сакаат на терен. Но нема веќе што сака Груевски. Избирачкиот список мора да се прочисти, теренска проверка мора да има, мора да има и медиумски реформи. Граѓаните сакаат фер и регуларни избори и само такви избори ќе се случат во Република Македонија, рече Наумов.
Оваа најава доби поддршка од граѓаните во Демир Капија. Луѓето ја коментираат и срамната одлука на Уставниот суд којшто дозволи да се помилуваат лица кои учествувале во изборен криминал, педофили и други тешки прекршители на законот.Naumov2 (2)
-Никола Груевски и неговите соработници нема да можат да избегаат од одговорноста за сите злодела што ги направија, рече Наумов.
Во Демир Капија се живее сиромашно и тивко.
На пазарот луѓето се жалат дека секој ден има се помалку купувачи. Велат трошоците за живот им се зголемуваат, а пари нема. Купувачите скромно избираат што ќе купат. Во центарот на градот, катанци на дуќаните сведочат за последиците од огромните казни, поради коишто семејства со деца се без егзистенција. Затворени дуќанчиња има и по селата. Дел од овој мачен декор говори за причините поради кои многу млади од Демир Капија и околината ги напуштаат домовите и заминуваат во странство.
-Криминалната власт 10 години краде парите од граѓаните и ги троши на тендери за камен и барок, зашто така ги полнат сопствените џебови. Не може фирми што вртат милиони евра и дуќанче каде се продава леб и млеко да плаќаат исти казни. Ние тоа ќе го промениме. Бројните проблеми на граѓаните може да ги реши само одговорна власт. Промените се почнати и тие носат чесна Влада што ќе ја предводи СДСМ. Сите кои правеле криминали ќе одговараат, а парите ќе ви ги вратат, порачаа претставниците на СДСМ, Наумов и Павлески во Демир Капија.
Интегрален текст

Слични содржини