Премиерот на Унгарија најави дека ќе предложи  со уставни промени по неуспехот на референдумот

 ungarija

По референдумот во Унгарија, кој беше прогласен за неважечки, премиерот Виктор Орбан истакна дека сепак Брисел не може да гја  присили земјата да прифати мигранти, пренесува AFP. “Брисел не може да ја наметне својата волја над Унгарија”, изјави унгарскиот премиер пред своите приврзаници во Будимпешта. Премиерот на Унгарија Виктор Орбан изјави дека ќе предложи  со уставни промени, откако над 98% од граѓаните на земјата  го отфрлија европскитот квота систем за  солидарно распределба на бегалци меѓу земјите од Заедницата, пренесува Bloomberg.

Иако поради слабиот одѕив референдумот не беше прогласен за вистински, Орбан истакна дека резултатите од гласањето му даваат “доволно силно оружје” да лобира кај ЕУ за промена на бегалската политика.

” Брисел или Будимпешта – тоа е прашањето, и решивме дека правото да се одлучи со кого сакаме да живееме е исклучително на Будимпешта “, изјави Орбан во говорот во унгарската престолнина, изнесена по завршувањето на гласањето. орбан

Обработени се 99,98% од гласовите од неделниот референдум во Унгарија, пишува Heti Világgazdaság.
Вкупниот број на гласовите е 3 581 263. од нив валидни се 3 307 109, што претставува одѕив од 40,03%.

Со “да” на прашањето “Сакате ли да дозволите на Европската унија да донесува одлуки за раселените лица во Унгарија, кои не се државјани на Унгарија, без согласност на парламентот? “одговориле 55 584 лица или 1,68%. Со “не” одговориле 3 251 525 лица или 98,32%. Невалидните  се 223 193. ливчиња.

Слични содржини