Неприфатливо е виткањето на кичма со државните и национални интереси

од Vladimir Zorba

 

Неприфатливо е виткањето на кичма со државните и национални интереси, порачува во денешнот соопштение ВМРО ДПМНЕ

Соберете храброст и соочете се со македонскиот народ. Извадете ја платформата и срамниот договор на виделина. Нека гласа народот. Наше е да го послушаме.

Доаѓаат локални избори. Разбирлив е стравот што го има СДСМ. Знаат дека платформата од Тирана е катастрофална за Македонија. Затоа кријат што договориле. Сепак судот на народот е последен. Платформата беше наметната по изборите и граѓаните имаат право да се изјаснат.

Доколку СДСМ нема храброст да се соочи со граѓаните, го повикуваме јавно да се откаже од платформата и од реализација на нејзините елементи по што ќе ја добие поддршката од ВМРО-ДПМНЕ, иако лагите на Зоран Заев беа поразени на изборите.

Слични содржини