Нова трагедија во рок светот: Пејачот на Линкин Парк се обеси

од Vladimir Zorba

По Крис Корнел, рок музиката се прости со уште една легенда оваа година.

Фронтменот на „Linkin Park“ Честер Бенингтон се самоубил. 41-годишниот музичар се обесил во својот дом во предградие на Лос Анџелес. Детали не се соопштуваат.

Бенингтон долги години страдаше од проблеми со дрогата и алкохолот, забележуваат светските агенции. Според ѕвездениот сајт TMZ, тој кажал дека му минуваат мисли за самоубиство.

Бенингтон е татко на шест деца од два брака.

Linkin Park е основана во 1996 година. Групата е номинирана шест пати за “Греми”, а наградувана двапати. Бандата има седум студиски албуми, од кои се продадени над 70 милиони копии.

Слични содржини