Обвинетиот Груевски да не бега од Надзорната расправа за поплавите

од desk3

Пратениците на ВМРО ДПМНЕ во петокот цел ден ја блокираа Надзорната расправа за обвинетиот Груевски и неговите кадри да избегаат од соочување со јавноста за поплавите што го погодија Скопје.

Раководните кадри на ВМРО-ДПМНЕ во институциите се одговорни за катастрофалните последици од поплавите кои однесоа најмалку 23 човечки животи! Бебиња настрадаа!

Има огромни материјални штети коишто никој денес не ги надоместува! Голем број граѓани се уште се без кров над глава или без елементарни услови за живот! Ниту авансот од 500 евра го немаат добиено сите семејства.

Ова се случи во главниот град на Република Македонија во 21-от век затоа што делови од Скопје се уште немаат канализација, а каналите се неисчистени. Институциите потфрлија. Не реагираше професионално и комплетно ниту една институција.

Затоа ги повикуваме Груевски и останатите одговорни да не бегаат и да се појават на Надзорната расправа каде ќе треба да објаснат што направиле да дојде до оваа голема катастрофа.

Слични содржини