OЈО побара продолжување на мерките за 35 осомничени од 27 април

од desk2

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција побара продолжување на мерките за обезбедување на присуство и за непречено водење на кривичната постапка за триесет и петмината осомничени за настаните што се случија на 27 април 2017 година во Собранието на Република Македонија.

Надлежниот обвинител побара од судот за лицето Ж.П да биде укината мерката куќен притвор и истата да биде заменета со мерки на претпазливост, а за осомниченото лице И.Д. мерката притвор да биде заменета со мерка – куќен притвор.

За останатите осомничени лица обвинителството останува на барањето за продолжување на претходно изречените мерки за обезбедување на присуство и за непречено водење на кривичната постапка.

Слични содржини