Постојат околу 50 илјади луѓе, меѓу кои 40 илјади цивили кои имаат несреќа да живеат во овој дел на градот. Останатите се борци – меѓу 1500 и 5000, и нивните семејства, рече Де Мистура на прес-конференција во Париз. Тие ќе бидат евакуирани во Идлиб. Претставникот на ОН предупреди дека ако не биде постигнато политичко решение, Идлиб може да се претвори во следното Алепо.

Илјадници цивилија  напуштија веќе опсадата на  бунтовничката енклава, откако беше прекинато пукањето. Десетици амбулантни возила и автобуси носат  цивили и бунтовници. Се очекува операцијата да трае неколку дена, соопшти ДПА.

Во меѓувреме британскиот министер за надворешни работи, Борис Џонсон изјави дека ги повикал амбасадорите на Русија и Иран, за да изрази пред нив длабока загриженост во врска со ситуацијата во сирискиот град Алепо, пренесе Франс прес.

Ги повикав амбасадорите на Русија и Иран, за да им изразам длабока загриженост за Алепо. Клучно е да се зачуваат цивилите и да се достави хуманитарна помош, напиша на Твитер Џонсон, откако денеска започна евакуацијата од бунтовничките квартови на градот.

Во коминике на  британското МНР  се прецизира дека Џонсон “изразил јасна загриженоста на британската влада од активностите на Иран и Русија во Сирија”.

Русија и Иран не ги запазија обврски според меѓународното хуманитарно право и не ја олеснија испораката на хуманитарна помош на цивилите при опсадата на источно Алепо траеше неколку месеци, посочи во коминикето Џонсон, цитиран од агенциите.

Тој рече дека е загрижен од извештаите за егзекуции, снимање на амбулантни возила од страна на придружните режимски сили и за исчезнати противници на властите.

Со поддршката за сирискиот режим руското и иранската влада продолжуваат страдањата на сирискиот народ, додаде министерот.