Основен суд: Тепачката не е поврзана со Панчевски

од Vladimir Zorba

Од Основниот суд 1 потврдија дека имало тепачка меѓу вработени во судот, но децидни се дека инцидентот не е поврзан со претседателот на судот Владимир Панчевски, против кого дел од судиите денеска го кренаа гласот, информира Фокус.

ivan-dholev

-Во судот денеска имало настан во кој еден од вработените најпрво вербално нападнал друг вработен со закани по неговиот живот, а потоа и физички го нападнал, по што нападнатиот ги известил претпоставените во судот дека за истото ја инфомирал полицијата, која пристигнала во судот и го документирала настанот, а целиот настан се случил пред друг вработен кој бил сведок.

Отфрламе било какви шпекулации дека во судот имало превртување на бироа и кршење на инвентар како и дека во настанот бил инволвиран претседателот на судот кој со оглед на последните настани во и околу судот, медиумите ги поврзуваат токму со него. Што се однесува до денешниот настан истиот е пријавен кај надлежните органи кои понатаму треба да постапуваат- рекоа од Основниот суд во изјава за „Фокус”.

Инаку, петнаесетмина судии денеска потпишаа писмо против претседателот Панчевски и го испратија до Судскиот совет. Во него, тие се жалат од злоупотреби на судот од страна на Панчевски и бараат негово санкционирање

Слични содржини