Осум кандидати за градоначалник на Скопје

од Vladimir Zorba

Кандидат за градоначалник на Скопје на коалицијата предводена од СДСМ е Петре Шилегов, а на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е актуелниот Коце Трајановски. Кандидат на Левица е Марија Јонес, на ТМРО Ванчо Шехтански, на ДПА Беким Фазлиу, на Беса Нафије Селмани, на Алијанса на Албанците Наим Бајрами и на НДМ Ѓорѓи Тодоров.

Советнички листи поднеле коалициите на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ и Левица, ТМРО, ДУИ, ДПА, Беса, Алијанса на Албанците и НДМ.

Слични содржини