Печен карфиол со рузмарин и прокељ

од desk2

 

Интересен рецепт за оние кои сакаат зеленук.


Состојки:
1 средна главица карфиол, пресечена на парчиња
2 шолји прокељ, пресечен на половинки
2 лажици маслиново масло
3 големи чешниња лук, сечкани тенко
1 ½ лажичка свеж рузмарин, сечкан, или ½ лажичка сушен
½ лажичка црн пипер

Приготвување:
1. Во голем сад ставете ги карфиолот и прокељот. Наросете масло. Додадете ги лукот, рузмаринот и пиперот и измешајте добро. Покријте и нека стои во фрижидер цела ноќ.

2. Загрејте ја рерната на 225 степени. Ставете го зеленчукот врз хартија за печење, посолете. Печете додека зеленчукот почне да потемнува и да станува крцкав, околу 15-20 минути. Служете на собна температура.

Слични содржини