Платен или неплатен данок, субвенции ќе има

од desk3
 Земјоделците ќе ги добиваат субвенциите без разлика дали имаат чисти сметки со Управата за јавни приходи. Условот со кој земјоделските стопанства не треба да имаат неплатени даноци и придонеси кон УЈП се одложува. Нивната условеност е одложена и нема да важи за финансиските програми за 2017-та година. 

Како услов, земјоделците да ги добијат парите од државата остана само обврската да се плати долгот кон Министерството за земјоделство за закуп на земјоделско земјиште, водарина, пашарина и за јапонската помош.

Доколу обврските не се платени, земјоделците нема да останат без субвенции бидејќи е предвидена и можноста за нивно пребивање со заостанатиот долг.

Слични содржини