Произведен последниот Viper

од desk2

Легендарниот американски спортски автомобил Viper се произведуваше во неколку верзии од 1992 година, а последниот произведен примерок во црвена боја на каросеријата каква што беше и прототипот во 1989 година останува во сопственост на Chrysler.


Кога во 1989 година на Саемот за автомобили во Детроит Dodge го откри концептот за Viper, малкумина мислеа дека отворениот аскетски двосед со напред сместен 8-литарски V10 мотор од околу 400 коњски сили некогаш ќе добие продукциска верзија.

Првите примероци до купувачите стигнаа во јануари 1992 година, а во Chrysler не се откажаа од првобитната V10 конфигурација на моторот, зад кој стоеше Lamborghini (тогаш под закрила на Chrysler), по што Viper суштински се разликуваше од спортските автомобили на најлутата американска конкуренција во кои владееше традиционалниот V8 мотор.

Viper 1996 година добива и карактеристичен покрив преку верзијата GTS Coupe, а по сите подобрувања кои Dodge ги направи тогаш, останатите американски и европски производители модерната интерпретација на популарната Cobrа повеќе не ја гледаа од високо.

Viper своите квалитети ги докажа на многу настапи на круќни трки, а успешно учествуваше и на трки за издржливост, вклучително и најголемата трка на сите времиња 24 часа Ле Ман на која Viper автомобилите три години со ред освојуваа прво место во својата класа.

Со неодамна оствареното време на германската патека Нирбурнринг (7:03,45) Viper чиј 8,4-литарски V10 во последната верзија има 650 коњски сили и понатаму останува најбрзиот американски продукциски автомобил кој е мерен во ткн. „зелен пекол“.

Слични содржини