Пратениците на ВМРО ДПМНЕ се враќаат во Собранието и ќе бараат гаранции за договореното и реформите

од Vladimir Zorba

Извршниот и Централниот комитет на ВМРО ДПМНЕ вечерва донесоа одлука  пратениците да се вратат во Собранието, потврди претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицковски.

Веднаш по враќањето во Собранието, ВМРО ДПМНЕ ќе поднесе интерпелација за работата на Владата, како што беше најавено претходно прфед почетокот на средбата со сопартијците .

Мицкоски потврди дека при крај се преговорите со СДСМ за реформските закони и биле прифатени нивните забелешки. За  договорот да биде спроведен, како што е усогласен ВМРО ДПМНЕ ќе бара писмена гаранција и ќе ја следи имплементацијата на овие закони со активно учество во Собранието.

ВМРО ДПМНЕ ја напушти работата на Собранието, откако шест нивни пратеници беа приведени поради настаните од 27 април и крвавиот шетрток, што партијата го дефинира како математичко ослабување на партијата и пратеничката група , а не го дефинира како теориристички чин и обид за државен удар.

Во таа насока, веројатно е и последната одлука на Врховниот суд, од притвор бда бидат  пуштени и пратениците Крсто Мукоски и Сашо Василевски. Тие сега се во домашен притвор. Во домашен притвор е и пратеникот Љубен Арнаудов, а за Жаклина Пешевска, обвинителството ја прекина постапката и таа може да се врати во парламентот,а на Јохан Трчуловски и Љупчо Димовски им се одредени мерки на претпазливост.

Слични содржини